Свет

Мрачната тајна на богатите Емирати (ВИДЕО)

Мрачната тајна на богатите Емирати (ВИДЕО)

Мрачната тајна на богатите Емирати. Обединетите Арапски Емирати во очите на светот се препознаваат по луксузните хотели, кулите што го допираат небото… Со еден збор како место каде се е возможно.

Во однос на строгата, шеријатска Саудиска Арабија и соседите, Емиратите делуваат како оаза на отвореноста и толеранцијата.

Сепак, не е се така сјајно како што делува на прв поглед, тврди активистот за човекови права Ахмед Мансур (46). Мрачната тајна на богатите Емирати е дека властите прават се за да ги замолкнат критички настроените умови.

-Властите се обидуваат на секој начин да ја замолкнат критиката. Апсат луѓе среде ноќ, ги држат во темници по неколку месеци, користат псхофизичка сила, за да извлечат признанија, по што на исценираните судења нивните неистомисленици ги испраќаат на долгогодишен затвор, наведува Мансур.

Мансур ја доби престижната „Мартин Еналс“ награда за придонес во развојот на човековите права во заливските земји. Сепак, тој неможеше да ја преземе наградата во Женева, затоа што Емиратите му забраниле да патува во странство.

Заливските земји не се грижат за човековите права и луѓето мора да го знаат тоа. Тие само мислат на нафтата, златото и високите згради. Сите богати земји ги кршат човековите права, поради сосптвените интереси, порача Мансур од Дубаи за британски „Индепендент“.

Активистите не поминуваат добро во Емиратите, а Мансур тоа го почувствувал и на сопствената кожа. Кога во 2011-тата ја потпишал петицијата за демократски и економски реформи, против него, како што тврди, била организирана „кампања за бришење од интернет“.

Секоја трага на интернет за него исчезнала, а тој тврди дека за тоа се виновни тајните служби на ОАЕ.

Твитер, фејсбук, блогови, радио, телевизија… Сите ширеа лаги за мене, а јас неможев да се бранам, вели Мансур.

Тој во 2011-тата година бил уапсен, затворен и осуден на осум месеци затвор поради „ навреди кон владетелот“.

Првично бил осуден на три години, но поради огромниот притисок на меѓународните организации за човекови права таа казна била редуцирана на 8 месеци.