ФОТО+ВИДЕО: Мрачната тајна на знакот „Hollywood“

Во 1932-та актерката скршена од неуспехот и борејќи се со депресијата одлучила да стави крај на мизеријата и разочарувањето. Таа се одлучила самата себе си да го одземе животот. Се поздравила со својот вујко, кому му рекла дека со пријателите ќе оди на пијалок. Таа се упатила на ридот Ли, на знакот „Hollywood“ кој според неа, на некој начин и се потсмевал во лице и ја потсеќал на неуспехот.

Пег се искачила на буквата „Х“ и оттаму скокнала во сигурна смрт. Другиот ден била пронајдена од страна на една случајна минувачка која повикала полиција. Кај Пег било пронајдено и проштално писмо во кое меѓу останатото пишувало:

Преплашена сум и кукавица сум. Многу ми е жал поради се, да го направев ова порано ќе ги поштедев сите од многу болка.

 

peg-entvisl-1

Така се завршил и нејзиниот сон за славата. Или можеби не е. Голем број луѓе потврдиле дека во близина на овој знак гледале дух на жена во бело (Пег носела бел фустан вечерта кога си го одземала животот) како изгубено лута на ридот или пак лебди над површината. Други тврделе дека виделе замаглена силуета која се качува на буквата „Х“ и потоа паѓа од него, но пред да удри во земјата, исчезнува.

Приказните за несреќната Пег толку многу се прошириле што некои воопшто не сакаат ниту да му се приближат на знакот ноќе. Ловците на паранормални активности често го истражуваат местото на кое наводно се појавува Пег. Меѓу најпознатите е екипата „Ghost Adventures“ која пред неколку дена како што тврди го снимила гласот на покојната Пег и неколку фотографии што неможат да се објаснат.

По се изгледа Пег ја стекнала посакуваната слава, но дури по смртта. Погледнете го видеото.