Балкан

Мрачната страна на Европа на унгарско-српската граница

Мрачната страна на Европа на унгарско-српската граница
Мрачната страна на Европа на унгарско-српската граница Фото: Танјуг

По синоќешниот конфликт со унгарската полиција, дел од бегалците кои од граничниот премин Хоргош 2 на кратко преминале во Унгарија останале во таа земја, па на кратко се раздвоиле од семејствата.

По разговорите меѓу министрите за внатрешни работи на Србија и Унгарија, договорено е бегалците да се вратат во Србија.

Дел од бегалците решиле да останат во Унгарија, а тамошната полиција им посочила дека нивните семејства можат да дојдат од Србија и да им се придружат.

Инаку, мала група бегалци, вчера доцна вечерта го искажа своето незадоволство, овој пат кај оградата во тампон зоната кај преминот Хоргош 1.

Група од дваесетина бегалци удирала со пластични шишиња во рацете и барале да бидат пуштени во Унгарија. Подоцна ситуацијата се смирила.

Претседателот на Меѓународниот комитет за спас, Дејвид Милибанд истакнал дека случувањата на српско-унгарската граница ја откриваат „мрачната страна на европскиот карактер“.

Тој истакнал деке „секој кој има барем грам морал е запрепастен со тоа што се случува во тие делови од Европа“.

Фото: Бета/АП
Фото: Бета/АП

Судири на унгарско-српската граница

Потсетуваме, унгарската полиција вчера  употреби солзавец и водени топови за да ги спречат бегалците да влезат во Унгарија, а во судиритте се повредени околу 300 лица.

Милбанд ја пофали Германија во одговорот на бегалската криза која ја зафати Европа, но ја критикуваше Унгарија што подигна ограда на својата граница за да го спречи приливот на бегалците како „погрешна и кратковидна одлука која со тактиката за малтретирање е ужасна.