петок, 21 јули 2017  |  Вести денес: 55

Мрачната страна на новогодишниот концерт на виенската филхармонија

Всушност овие концерти се проект на Јозеф Гебелс.

Мрачната страна на новогодишниот концерт на виенската филхармонија

Мрачната страна на новогодишниот концерт на виенската филхармонија

Поврзани вести

Виенската филхармонија има своевидна традиција – првиот ден од новата година да организира грандиозен концерт на класична музика. Но, малку луѓе знаат како дошло до овој обичај, како и дека оваа традиција има и своја темна страна, пренесува „Би-Би-Си“.

Виена важи за град во кој речиси се’ се врти околу историја. Повеќето мислат дека овие новогодишни концерти и’ припаѓаат на традиција стара неколку века, но тие всушност почнале за време на нацистичкото владеење. Всушност овие концерти се проект на Јозеф Гебелс.

275508_jozef-gebels-viki_ff

Првиот настап е одржан на новогодишната ноќ во 1939 година, со цел да се соберат парични средства. Ова било план на Националсоцијалистичката партија на Хитлер, за да од насобраните пари купат гориво за следните ладни месеци.

На програмата на филхармонијата биле композиции од Јохан Штраус. Организирањето на гала концерт со музика од Штраус, земало замав со иницијативата на нацистите кои имале во план овие настани да го обединат целиот Трет рајх, и да создадат своевиден дух на заедништво, но и да донесат пари.

Се одлучило концертот да се одржува секоја година, на новогодишната ноќ, како и на првиот ден од новата календарска година. Бидејќи  било јасно дека војната ќе биде долга, се сметало дека нумерите како „На убавиот син Дунав“, го подигнуваат моралот на војската, но и на целата нација.

Кога се дознало дека Штраус има еврејски коренин, Гебелс на сите начини се потрудил тоа да го забошоти, и успеал во тоа. По завршување на војната, многу работи врзани за нацистите се смениле, но една останала иста. Концертите продолжиле да се организираат секоја година.

244050_bec-01_f

Уште една работа која фрла дамка на Виенската филхармонија е тоа што во шеесетите години од 20-от век, одликувала и му укажала големо почитување на Балдур фон Ширак, нацистички гувернер на Виена, и тоа откако излегол од затвор по 20 години, поради депортација на неколку илјади Евреи.

Кога јавноста дознала за овој срамен чин на една од најугледните австриски институции, филхармонијата била приморана да повлече шест одликувања кои им ги доделила на нацистички офицери. Сепак, традицијата на концертот и понатаму опстоила.

Најчитани вести