Мрачната страна на зодијакот: Стрелците се напорни филозофи, Вагите се плашат од осаменост

Сите луѓе, а со тоа и сите хороскопски знаци имаат маани, негативни карактеристики, односно темна страна. Кои се мрачните моменти на хороскопските знаци? Прочитајте…

Овенот е брутален со навреди и најмалку е тактичен

Нема поголеми професионалци во зборувањето непромислени работи но и безобразни работи, од Овните. Не го знаат значењето на зборот суптилност, а ако некој им го повреди егото склони се кон најголеми навреди. Исто така понекогаш воопшто не размислуваат за последиците од своите дела. Нивниот краток „фитиљ“ им е познат на сите околу нив.

Бикот излудува со својот тврдоглав став

На тешкиот карактер на Биковите конкуренција им е нивната препознатлива тврдоглавост. Исто така некогаш се премногу концентрирани на материјалните работи. Со оглед на тоа дека се приземјени и практични, малку се грижат за својот социјален живот. Склони се кон прекумерно уживање во храната.

Близнаците се површни и брзоплети

Иако се вели дека Близнаците се способни да се прилагодат кон се, но тие способности може да преминат во маани како што е површност и недоследност. Неспособни се да се концентрираат на нешто долго време, а често ќе се послужат и со лаги за да дојдат до својата цел. Важно им е другите да ги доживуваат како интелигентни и забавни.

Раковите се мамини мази

Пречувствителни се и тешко ги контролираат своите чувства. Тоа ги иритира нивните блиски и постојано мора да мислат дали ќе ги повредат. Често се незрели за животните прашања. Носталгијата ги спречува да уживаат во многу работи во животот.

Лавовите ги сокриваат комплексите со ароганција

На припадниците на овој знак многу им е важно каков впечаток оставаат на другите. Но, оние кои добро ги познаваат знаат дека нивната постојана желба да бидат во центарот на вниманието е начин да го нахранат своето его и да се изборат со комплексите кои ги имаат.

Девиците секогаш се споредуваат со другите

Припадниците на овој знак често животот го доживуваат како натпревар, а конкуренција им се дури и најблиските пријатели. Доколку некој ги понижи во состојба се да ги замразат. Потребата да контролираат се до најситен детал им оди на нерви на другите околу нив.

Вагите имаат фобија од осаменост

Потребата на Вагите да бидат опкружени со луѓе не е одраз на голема желба да се дружат, туку се грижат да не останат сами, од тоа и најмногу се плашат. Сами не ја знаат својата вредност и ја потврдуваат преку другите луѓе.

Шкорпиите се параноични и секаде гледаат зло

Често ги прогласуваат за злонамерни. Нивната агресивна страна, создава впечаток на огорченост и ги застрашува одредени поединци, но тоа е нивен механизам за да се заштитат од останатите. Се околу себе го доживуваат како закана.

Стрелците се напорни филозофи

Отворениот и либерален поглед на животот се само дел од настапите на припадниците на овој знак кои сака да ја воодушеви публиката. Нивната склоност кон филозофирање и премногу размислување често е напорна на сите околу нив.

Јарецот ќе направи се за да ја постигне својата цел

Ригорозните ставови на овие припадници не се прифатени во околината. Тие судат и анализираат се околу себе. Никогаш не забораваат на својата корист, а поради долгорочните планови често забораваат да живеат во сегашноста. Нивниот песимизам може да ги направи сите депресивни.

Водолијата со ексцентричноста ја прикриваат незаинтересираноста за другите

Уживаат кога другите ги гледаат како бунтовни и ексцентрични, но тоа им користи за да ја прикријат незаинтересираноста за се околу нив, па дури и за нивните блиски. Иако тврдат дека пријателството е света работа, мизерно се трудат околу него, а уште полоши се во љубовната врска каде често му нанесуваат болка на партнерот. Либерални се.

Рибите не размислуваат логички

Не се доследни и верни на себе, бидејќи често не знаат што сакаат. Поади тоа изгледаат нестабилно. Уживаат кога си го комплицираат животот на себе си и на другите. Наивни се и тешко велат „не“.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.