Мрачната тајна на Кенедиеви: Ја испратил ќерката на лоботомија порди кариерата

Мрачната тајна на Кенедиеви: Ја испратил ќерката на лоботомија порди кариерата
Мрачната тајна на Кенедиеви: Ја испратил ќерката на лоботомија порди кариерата

Неодамна се објавени две книги кои фрлаат сосема понакво светло на славното американско семејство Кенеди, особено на таткото на семејството, Џозеф Кенеди. Тој својата 23 годишна ќерка ја пратил на лоботомија, за да ја спаси потенцијалната политичка кариера на своите синови.

Целата приказна се открива во книгите „The missing Kennedy“ од Елизабет Келер Пентакоф и „Rosemary: The hidden Kennedy daughter“,  од Кејт Клифорд Ларсон.

Според новите историски извори од Ларсон и информациите кои на Келер Пентакоф и’ ги открила нејзината тетка, калуѓерка од Сент Колеа – католичка институција за инвалиди и немоќни во Висконсин, каде што Розмери живееле повеќе од пет децении, напишани се двете биографии на несреќната ќерка на Кенеди.

Фамилијата Кенеди
Фамилијата Кенеди

Се почнало на 13 септември 1918 година, кога Роуз Кенеди, добила породилни болки во својата куќа, во која била присутна само медицинска сестра. Бил повикан доктор, но тој задоцнил, па сестрата прво ја натерала идната мајка да ги држи стегнати нозете кога требало да почне да се пораѓа. Кога Роуз повеќе не можела да издржи, сестрата одлучила да го задржи бебето по секоја цена, па наводна два часа со рака ја држела главата на бебето во родилниот канал, за да не излезе пред да дојде докторот.

Се претпоставува дека бебето останало без кислород, поради што дошло до оштетување на мозокот. А родителите на малата Розмери брзо увиделе дека како што растело девојчето, доста доцни во развојот.

Родителите на малата Розмери брзо увиделе дека како што растело девојчето, доста доцни во развојот.
Родителите на малата Розмери брзо увиделе дека како што растело девојчето, доста доцни во развојот.

Во своите мемоари објавени во 1974 година, Роуз Кенеди напишала дека нејзината ќерка проодела и почнала да зборува многу доцна.

Розмери имала проблеми со извршување на наједноставни задачи, како пишување, спорт, управувањесо санка и била многу несмасна.

Кога требало да појде во училиште, нејзината мајка побарала помош од стручно лице, а тој и објаснил дека нејзината ќерка е „ретардирана“, израз кој се користел за сите видови ментални нарушувања.

Кенедиеви се обидувале да ја сокријат нејзината состојба, но како што растела, тоа било многу тешко да се постигне. Нивната втора ќерка, Јунис, подоцна изјавила дека се сеќава како Розмери често имала напади и дека била склона на тантруми (изливи на бес).

Кога Розмери имала 11 години, Џозеф и Роуз ја пратиле во интернат за деца со посебни потреби. Розмери за тоа време им праќала писма во кои им се заблагодарува што ја посетиле и ги молела да дојдат повторно бидејќ таму била многу осамена.

Кога Розмери имала 19 години, нејзиниот татко станал амбасадор на САД во Велика Британија, па сите заминале во Лондон.

Во раните 20-ти години, Розмери израснала во убава и привлечна млада девојка, која знаела преку ноќ да избега од Интернатот и да лута по улиците на Вашингтон, каде што во меѓувреме се преселиле.

Кога Розмери имала 11 години, Џозеф и Роуз ја пратиле во интернат за деца со посебни потреби.
Кога Розмери имала 11 години, Џозеф и Роуз ја пратиле во интернат за деца со посебни потреби.

Во тоа време, Џозеф ги поставувал темелите на политичката кариера на своите синови и последно што му требало е скандал ако неговата болна ќерка останала бремена со некој непознат маж. Смислувајќи што да преземе, на својата сопруга спомнал експериментална операција на мозокот, позната како лоботомија.

Нивната ќерка Кетлин, истражувала за контроверзната процедура и заклучила дека нема шанси Розмери да се подложи на такво нешто. Но, главата на семејтвото, Џозеф, одлучил да ги игнорира останатите членови на семејството и брзо закажал операција без договор со семејството, вклучувајќи ја и сопругата.

По операцијата, Розмери повеќе не можела да зборува, и се намалила подвижноста и веќе не можела да се грижиза себе.

По тоа, таткото чувствувал вина, неможел ни да ја посети, а мајката тврдела дека сопругот 20 години не сакал да и каже што се случило со нивната ќерка.

Семејството не знаело каде е, а никој не поставувал многу прашања. Како да за случајот постоел договор за тајност, па мајката на Розмери ја посетила дури во 1961 година, откако Џозеф доживеал мозочен удар и се и кажал на сопругата.

Во  1970-те и другите членови на семејството почнале да одат во посета.

Мајката никогаш во јавноста не проговорила за лоботомијата на својата ќерка, туку зборвала дека Розмери „го изгубила умот по еден несреќен случај“, пишува Дејли мејл.