Мрачните тајни на најпознатото семејство во светот

Семејството Кардашиан стекна светска слава благодарение на нивното реално шоу. Сепак, во најпознатото семејство во светот има голем број тајни што долго време биле криени од јавноста.

Ким се омажи на 19 години

Кога ќе се спомне сопругот на Ким Кардашиан, сите прво помислуваат на нејзиниот сегашен сопруг, раперот Кание Вест. Некои се сеќаваат и на нејзиниот поранешен сопруг, кој беше втор по ред, Крис Хамперс. Но, повеќето заборавиле на првиот сопруг на славната Ким, Дајмон Томас.

Додека сеуште никому не му беше важно името на Ким Кардашиан, таа побегна во Лас Вегас со Дајмон кој тогаш имаше 29 години и како што тоа често се случува со браковите склопени набрзина се испостави дека работите не одговараат. Наводно, нејзиниот прв сопруг беше насилен, па ја терал на липосукција и други пластични операции за да стане совршена.

Како резултат на тоа, по три години брак следеше развод. Дајмон ги негира сите тврдења на семејството и вели дека никогаш не ја удрил, а дека Ким постојано го изневерувала за време на нивниот брак.

Крис Џенер го изневеруваше сопругот

Крис стана популарна по бракот со Роберт Кардашиан – адвокатот што на американската јавност и стана познат откако го бранеше О Џеј Симпсон кој беше обвинет за убиство на неговата сопруга во 1995 година. Роберт почина од рак во 2003-тата година, а неговото семејство го наследи неговиот имот вреден 100 милиони долари.

Крис често пати ја нарекуваат кралица на семејството Кардашиан, но ја бие глас на неверна жена. Наводно имала афера со фудбалерот Тод Валтерман додека била во брак со Роберт.

Како што пишуваа странските медиуми Крис го изневерувала и другиот сопруг Брус Џенер, кој исто така и е поранешен сопруг, а неверството го признала единствено на нејзината сестра Карен.

Кејтлин Џенер (Брус Џенер) предизвикала сообраќајка

На почетокот на минатата година Кејтлин Џенер, кој тогаш сеуште беше Брус Џенер учествувал во сообраќајна незгода во која едно лице го загубило животот. Сведоците наведуваат дека Брус налетал на надворешниот дел од автомобилот, кој потоа удрил во автомобилот од спротивниот правец.

Семејството тврди дека Брус бил прогонуван од папараци и дека тоа е главната причина за несреќата.

По судењето Кејтлин беше ослободена, но и понатаму постојат сомнежи. Иако го променил полот, тоа не го менува фактот дека цел случај бил обвиткан во мистерија.

Уловите за производството на колекцијата Кардашиан

Кога нивното реално шоу станало се попопуларно, дамите од познатото семејство одлучија да го искористат секој аспект на славата. Тие почнаа да вложуваат и во останатите бизниси како што е линијата за облека, чевли и парфеми.

Сепак, проблемот е кога ќе се постави прашањето како настанува таа облека.

Голема тајна е дека оваа облека се произведува во Кина, местото каде што најчесто работи евтина работна сила. Дел од медиумите пишуваат дека нивната облека се произведува некаде во провинцијата Гуангдонг каде работниците наводно добиваат по еден долар од час, а работат во нехумани услови. Секако, ним им е забрането да говорат за тоа за кого и како работат.

Дипломата на Кајли Џенер

Кога манекенката Кајли Џенер дипломираше веста беше пренесена од страна на сите светски медиуми. Но, големата тајна е дека Кајли воопшто не одела во училиште. Џенер се определила за вонредно образование, па ја подучувале дома. Но, тоа траело само 3 до 4 часа, а останатите 9 најверојатно учела како да направи усните да и изгледаат поисполнето.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.