Мрачните тајни на познатите

Тоа што се славни и богати не значи дека се имуни на трагедии и несреќи. Овие ѕвезди имаат свои мрачни семејни тајни кои ги држат што подалеку од очите на јавноста, но очигледно не доволно.

Софија Вергара со својата мајка, брат и сестра се доселила во Америка по убиството на нејзиниот друг брат во Колумбија. На нејзина несреќа, братот со кој допатувала во Америка бил баран за криминал, така што по присгнувањето тој е депортиран во Колумбија.

Sofija-Vergara-620x396

Љубовта кон журките и дивиот начин на живот, Ријана веројатно го наследила од својот татко. Додека живеела на Барбадос, нејзиниот татко водел двоен живот, па покрај семејството на пејачката со мајка и, тој имал уште едно „тајно“ семејство. Ријана има полубраќа и полусестри кои сега живеат на Барбадос.

Rijana

Тајната на оскаровката Шарлиз Терон може да се каже и дека е најлоша. Кога глумицата имала само 15 години нејзината мајка го убила нејзиниот татко кој бил насилен алкохоличар. Таа тврди дека тоа го направила во самоодбрана бидејќи била нападната. Шарлиз за таа трагична епизода од нејзиниот живот никогаш не зборува во јавност.

Sarliz Teron

Славниот глумец Џек Николсон на еден новинар му признал дека неговото детство всушност не е онакво какво што тој го доживеал. Имено, неговите „мама и тато“ всушност се неговите баба и дедо, а го израснале како свое дете, додека неговата мајка, од некои причини се претставувала како негова сестра. За жал, членовите на неговото семејство се починати и тој нема да може да дознае зошто тоа од него е криено.

Dzek Nikolson

Мараја Кери е славна и испушена, додека нејзината сестра Елисон е наркоманка и проститутка. Некое време дури и поминала во затвор каде се заразила со ХИВ. На разни магазини им продавала валкани детали од животот на нејзината сестра, а подоцна ја молела да и прости.

Maraja Keri

Братот на Кевин Спејси, Рендал, открил дека нивниот татко и се приклучил на нацистичката партија додека тие биле деца и сексуално ги злоставувал. Славниот глумец никогаш јавно не ја искоментирал оваа братова изјава.

Kevin Spejsi

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.