Спорт

Мрежата на Киево нов предизвик за Горан Пандев

Мрежата на Киево нов предизвик за Горан Пандев

Предноста на домашниот терен би требало да се покаже како доволна за фудбалерите на Наполи кои имаат обврска да освојат три бода во денешниот првенствен натпревар против екипата на Киево.Според последните информации кои пристигнуваат од Италија, повторно шанса да настапи од самиот старт на натпреварот ќе доби и поранешниот репрезентативец на Македонија, Горан Пандев.

Далеку поголемо внимание ќе привлече вечерниот дерби натпревар помеѓу големите ривали од италијанската Серија А, тимовите на Лацио и Јувентус.Предводникот на “светлосините”, Еди Реја пред стартот на натпреварот изјави дека грешат сите тие кои мислат дека Лацио ќе биде задоволен со освојување на еден бод.

„Без разлика каде сум тренер, мојот тим секогаш игра на победа. Не е важно против кого играме, важно е да дадеме се од себе, да пробаме да ги освоиме сите три бода. Точно дека Јувентус е фаворит, но ние играме на домашен терен и очекувам голема подршка од нашите верни фанови”, изјави Реја.