ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ ветуваа живот, а граѓаните добија сиромаштија и уривање на нивниот стандард

Неспособната влада на Заев нанесе сериозни штети врз македонската економија, обвинуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

„Владата на СДС е цунами за македонската економија. Ветуваа живот, а граѓаните добија сиромаштија и рушење на нивниот стандард. Во Македонија престана да се збори за отворање на нови работни места. Алармантната состојба во која СДС ја доведе државата ја потврди и народната банка на Република Македонија. Пред да дојде на власт СДС ветуваше економскиот раст од 2,5 проценти а сега гледаме дека во првата половина од оваа година македонскиот БДП забележа пад од 0,9 отсто. СДС со своите катастрофални политики доведе до пад на прометот на индустријата за 0,7 отсто, се наведува во партиското соопштение.

Од ВМРО-ДПМНЕ потсетуваат дека пад забележа и индустриското производство за цели 12 отсто.

„Неодговорното работење на СДС го потврдува фактот што ја задолжија државата само по основ на аукции на државни хартии за 246 милиони евра, а притоа стопија и 177 милиони евра девизни резерви на државата. Околу 420 милиони евра потроши владата на СДС и Зоран Заев, а граѓаните од тоа не видоа никакво фајде. СДС како влада се окарактиризира со неспособност, расипничко трошење и доведување на државата кон банкрот. СДС не смеее да се повтори никогаш повеќе. Граѓаните тоа го видоа и ќе го казнат на претстојните локални избори на 15-ти октомври“, порачуваат од ВМРО-ДПМНЕ.