МРТ ќе се реемитува во Бугарија

Македонскиот јавен сервис и Бугарската агенција за кабелски и комуникациски оператори (БАККО) во Софија ќе потпишат договор за реемитувaње на програмите на Македонскиот јавен сервис, пренесува МИА.

На иницијатива на претседателот на Македонско-бугарската стопанска комора Зоре Темелковски, Македонската телевизија  и Бугарската  асоцијација на кабелски и комуникациски  оператори денеска ќе потпишат договор со кој  ќе стартува реемитувањето на програмата на македонскиот јавен сервис на територијата на Бугарија.

Првите луѓе на МТВ и БНТ  Марјан Цветковски и Вера Анкова  во јули минатата година  потпишаа Договор со што јавните телевизиски сервиси бесплатно ги отстапија  авторските права  врз кабелските оператори во двете држави, за реемитување на програмите.

Од декември 2014 година,  за гледачите во Македонија достапна и се реемитува програмата на Бугарската национална телевизија.