МРТ: Се оградуваме од вчерашниот настан во „Канал 103“

По информациите дека синоќа безбедувањето на зградата на МРТВ  прекинало емисија на радиото „Канал  103“, во момент кога гостин бил Стојанче Ангелов, денеска Македонската радио телевизија излезе со демант.

„Радиото Канал 103 емитува програма од објектот на МРТ, и МРТ нема никаква формална, организациска и програмска допирна точка со истото. Оттаму, уште еднаш се оградуваме од вчерашниот настан. Ниту МРТ, како институција, ниту некој нејзин вработен е дел од истото случување“, велат од Службата за информирање на МРТ.