Македонија,Крими хроника

Мртов маж лежи во близина на Железничка станица

Мртов маж лежи во близина на Железничка станица

Мртов маж лежи во близина на Железничка станица. Поточно на булеварот „Кузман Јосифовски Питу“ е најдено тело на машко лице.

Како што информираат од МВР, на телото нема траги на насилство, а случајот во полиција бил пријавен од страна на екипа на Итната медицинска помош.

Неофицијално станува збор за машко лице на возраст од 40 до 50 години кое најверојатно било бездомник.

Телото на починатиот по наредба на јавен обвинител е предадено на обдукција.