Мртов маж најден на автопатот Скопје – Куманово

На автопатот Скопје – Куманово е пронајдено тело на починат маж, потврдија во неделата од Министерството за внатрешни работи.

Според очевидци, на местото каде е пронајдено телото немало траги од крв, ниту, пак, траги од кочење на возило, пишува Курир.мк.

Од МВР велат дека во моментот се преземаат мерки за откривање на причините поради кои настанала смртта кај човекот.

Засега нема информации за идентитетот и возраста на починатиот. Повеќе детали за инцидентот, највуваат за утрешниот ден.