Мртов маж најден во шахта

Мртов маж бил најден во шахта за водомер.

Како што јавува МВР, починатиот Б.Ц.(81) бил најден вчера во Куманово на ул.„Христијан Тодоровски Карпош“, во шахта за водомер во сопствениот двор.

Увид на местото на настанот извршиле Јавен Обвинител и увидна екипа од СВР-Куманово. При извршен преглед над телото на починатиот не биле пронајдени траги на насилство. Телото на  починатиот ќе биде предадено во институтот за судска медицина за обдукција.