Мртов маж најден во Штип

Безживотно тело на маж вчера попладне е пронајдено на улицата „Скоевска“. Трупот, како што соопшти полицијата, бил во распаѓање.

Според МВР се работи за А.М. (53) од Штип. Увид на местото на настанот извршиле екипа на СВР Штип и лекар од Итна медицинска помош, а по наредба на Јавен обвинител телото на починатиот е предадено за обдукција.