Мртов маж пронајден во авто-камп во Охрид

Мртов маж пронајден во авто-камп во Охрид
Мртов маж пронајден во авто-камп во Охрид

Безживотно тело на маж на возраст од 45 години утрово е пронајдено во автомобил „Форд“ во авто-кампот „Андон Дуков“. Телото го забележал случаен минувач и за тоа ја известил полицијата.

На местото на настанот извршен е увид во присуство на јавен обвинител, кој наредил обдукција врз телото.

Според портапролот на СВР – Охрид Стефан Димовски, како што пишува МИА, врз телото немало траги на насилство, но сепак деталите за околностите околу случајот ќе се чека да ги даде истрагата.