Мртов маж пронајден во приколка кај езерото Треска

Скопјанецот Драган А. (61) вчера околу пладне бил пронајден мртов во камп приколка лоцирана кај езерото Треска.

Пријавителот го забележал безживотното тело на Драган на подот во приколката чија врата била отворена. Веднаш била повикана екипа на Итната медицинска помош која констатирала смрт без знаци на насилство.

Полицијата на местото извршила увид, а телото на починатиот е предадено на обдукција по што ќе биде позната причината за смртта.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.