Мртов маж во центарот на Скопје

Безживотно тело на постар маж кое утрово лежеше на паркингот позади „Мекдоналтс“ кај Министерството за труд и социјала, ги вознемири граѓаните и вработените во околните згради. Поради големото присуство на полицијата тие беа уверени дека се работи за убиство. Сепак, од СВР Скопје велат дека најверојатно се работи за човек кој починал ненадејно, објавува порталот на неделникот „Република“.

Според нив чиста коинциденција се блокираните улици во градот. Зголеменото присуство на екипи на МВР било поради делегацијата која треба да помине во овој дел од градот.

Настанот во полиција бил пријавен утрово околу 8.40 часот, по што бил извршен увид од полицијата.

Станува збор за лицето С.Р. роден 1954 година, кој починал напрсно, најверојатно од удар.

Итната медицинска помош констатирала смрт, а на неговото тело не биле пронајдени знаци на насилство.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.