Мртов маж пронајден на улица во Топанско Поле

Починато лице е пронајдено попладнево на улицата „Македонско Косовска Бригада“ во Топанско Поле.

Според првичните информации, 65-годишниот Демири Фазли кој околу 14:30 часот бил пронајден мртов на улицата. Фазли починал откако му се слошило.

Од полицијата соопштија дека нема траги на насилство, а по наредба на јавен обвинител телото е предадено на обдукција.