Мртов Турчин донесен во поликлиниката во Драчево

Турски државјанин бил донесен починат во поликлиниката во Драчево.

Вчера во 12.30 часот во ЕИК-Скопје, телефонски од Поликлиника Драчево било пријавено дека било донесено починато лице.

Како што информираат од МВР, се работи за лицето Ш.Ш. (74) од Р.Турција. Од страна на лекар била констатирана смрт, а по наредба на Јавен обвинител телото на починатиот е предадено во Институт за судска медицина на обдукција.