Мртва девојка пронајдена во ресторан во Србија

Нова трагедија ја потресе Србија – девојка пронајдена мртва во ресторан.

Според податоците на српскиот Курир, безживотното тело на девојката стара околу 20 години било пронајдено како лежи на подот во ресторанот „Аполон”.

Според првичните и неофицијални информации, девојката со иницијали Д.П. работела во ресторанот како келнерка, а најверојатно била задавена.

Истрагата ќе утврди како настапила смртта.