Мртва жена пронајдена во Кочанска Река

Женски труп вчера е пронајден во водите на Кочанска Река.

Според  првичните информации полицијата  околу 17 часот добила дојава дека труп плови по Кочанска река во близина на вештачкото езеро Гратче.

На терен веднаш излегле екипи на полицијата и противпожарната служба кои го извадиле телото на жената.

Неофицијално телото неколку дена се наоѓало во водата. Кај жената немало никакви документи за идентификација па затоа се уште и не е познат идентитетот. Телото е предадено на обдукција, а повеќе информации се најавени за денешниот ден.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.