Мртва жена во куфер пронајдена на железничка станица во Токио

Јапонската полиција откри тело на мртва жена, оставено во куфер, во гардеробата на една од железничките станици во Токио.

Куферот бил откриен покрај гардеробите на станицата, уште пред еден месец, па железничките власти и полицијта чекале да видат кој ќе се појави да го подигне, незнаејќи што има во куферот.

Вчера било решено да биде отворен куферот, откако од него почнало да се шири лоша миризба, па во него е најден трупот на жена.

Полицијата не го знае нејзниниот идентитет, освен дека е на возраст меѓу 70 и 90 години и е висока 140 сантиметри.

tokio tokio Tokyosuitcsae_main

Првиот преглед на телото покажал дека на него нема траги од насилство, па експертите настојуваат да утврдат што е причина за смрта. Не се знае ниту зашто жената била ставена во куфер и оставена во гардеробата на станицата, уште на 26 април годинава.

Јапонската полиција почна со прегледување на снимениот материјал од безбедносните камери поставени во гардеробата и низ станицата, за да може да утврди кој го оставил куферот.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.