Мртвите тела во Припор ги пронашол братот на момчето

Мртвите тела во автомобилот „опел Корса“ утрово ги пронашол братот на момчето, пишува Телеграф.мк.

Момче и девојка на возраст од 23 години се пронајдени мртви утрово во населбата Припор. Тие по новогодишната забава се затвориле во гаражата и го оставиве автомобилот вклучен. Смртта најверојатно настапила од издувните гасови во просторијата, потврдуваат во полицијата.

-Од местото на настанот известени сме дека е констатирана смрт кај лицата С.Д. 1991 (момче) во и А.Ј. 1991 (девојка). Телата на починатите било во автомобил марка “Опел Корса“ кое било паркирано во гаража на наведената адреса, велат од МВР.