Мртво бебе најдено во чамец со мигранти

Бебе на возраст од една година било пронајдено мртво во операција на грчката крајбрежна стража за спасување мигранти во близина на островот Лезбос, пренесува МИА, повикувајќи се на Нафтемборики.

Во чамецот имало околу 50 луѓе. Крајбрежната стража успеала да спаси голем дел од мигрантите од чамецот, наведува весникот.