Крими хроника,Балкан

Хорор: Мртво бебе на терасата, а мајката исекла вени

Хорор: Мртво бебе на терасата, а мајката исекла вени

Мртво бебе на терасата, а мајката исекла вени. Полицијата провалила во стан и таму затекнала страшна глетка. Жената лежела во локва крв, откако претходно си ги исекла вените, а на балконот било помодреното тело на осуммесечното бебе кое не давало знаци на живот, пишува српски „Курир“.

Полицајците на терасата од станот го нашле безживотното тело на девојчето кое било помодрено и завтикано во ќеса
Полицајците на терасата од станот го нашле безживотното тело на девојчето кое било помодрено и завтикано во ќеса

Безживотното тело на осуммесечното девојче било најдено синоќа на балкон од стан во зграда во Јужниот булевар во Белград, а нејзината мајка исекла вени.

На грозоморното откритие во станот на четвртиот кат му претходел повик од една вознемирена и загрижена жена во полицијата дека во заклучен стан има бебе и жена и дека никој не се јавува и не отвора врата. Полицијата провалила во станот и таму ја затекнала грозоморната глетка како 37-годишната Тања М. лежи во локва крв откако претходно ги исекла вените.

За среќа жената била жива и на прашањето каде е бебето, таа дала неубедлив одговор, па полицајците почнале да пребаруваат по станот. На терасата од станот го нашле безживотното тело на девојчето кое било помодрено и завтикано во ќеса.

Жената, за која се верува дека е под дејство на медикаменти, веднаш била пренесена во болница и во моментов е под надзор. Во станот бил направен увид, а телото на бебето е пренесено на обдукција, за да се открие причината за смртта.