Мртво момче во штабот на Дуи во Тетово

Мртво момче во штабот на Дуи во Тетово. Утринава во зградата на стариот „Телеком“ во Тетово, каде сега се просториите на Изборниот штаб на ДУИ, е пронајдено безживотното тело на Хусеини Н. од Тетово.

Починатиот имал 20 години, соопшти МВР.

Засега не се соопштуваат повеќе информации. По наредба на Јавен обвинител, започната е истрага.