Мртво момче извлечено од Кумановска Река – поплавите ја земаа првата жртва?

Тело на се уште неидентификувано лице утрво е пронајдено во водите на Кумановска река, дознава Press24 од полициски извори.

Од МВР ја потврдуваат информацијата.

Оттаму велат дека идентитетот се уште не може да се потврди бидејќи телото во овој момент се извлекува од водите. Од таму велат дека повеќе информации ќе имаат по завршувањето на увидот. Нема потврда ниту во какви околности настапила смртта.

Вчера во полиција во Куманово беше пријавено дека исчезнало 22 годишно момче. Не може да се потврди дали станува збор за истото лице.