МТСП: Имаше технички проблеми со јавно достапниот регистар на педофили

Дури по два дена откако беше објавено дека од интернет е повлечен јавно достапниот регистар на педофили, Министерството за труд и социјална политика (МТСП) уверува дека станува збор за „мали технички проблеми“ како „шпекулации“ го карактеризира инфромациите дека бил избришан јавно достапниот регистар на педофили

„Во јавноста се појавија шпекулации дека наводно бил избришан јавно достапниот регистар на педофили, за што Министерството за труд и социјална политика информира дека во текот на два дена имаше мали технички проблеми со отворањето на регистарот за лица осудени за педофилија.

Сакаме да Ве информираме дека Министерството за труд и социјална политика има склучено Договор за одржување на регистарот со компанијата ‘Бруникс’ од Скопје, случајот е пријавен и регистарот за лица осудени за педофилија е повторно достапен“. се наведува во соопштението од министерството.

Меѓутоа, во него се пренебрегнува фактот што и по повеќе од два дена Министерството, токму во периодот на полемиката за обидите за декриминализација на педофилијата, не најде за потребно да ја информира јавноста за наводниот проблем со одржувањето на споменатиот регистар.