МТСП ја продолжува силната грижа за дечињата без родители

Министерството за труд и социјална политика ја продолжува силната грижа за децата од социјално ранливите категории. На дечињата од СОС Детското село денеска им беа донирани книги во рамки на проектот „Подари книга“.

Директорката на СОС Детското село, Виолета Георгиевска испрати благодарност до МТСП што преку проектот „Поради книга“ денес донираше 100 книги за децата од ранлива категорија.

-Во системот на СОС Детско село се 104 деца и младинци без родители и родителска грижа. Во една од нашите програми за поддршка, која е насочена кон едукација, важен сегмент е зголемување на читателската навика кај децата и младите и позитивниот однос кон книгата како непресушен извор на знаење. Книжната донација е уште еден допринос од страна на Министерството за труд и социјална политика, кој континуирано го даваат кон децата од ранлива категорија. Во системот на СОС Детското село е во делот на семејниот буџет на 60 деца, кои живеат во 12 згрижувачки семејства во рамките на СОС Детското село, како и финансиската поддршка која ја даваат на младинците во однос на еднократната парична помош за нивно осамостојување, паричен надоместок за студирање и во однос на нивно вработување преку програмата Д-10, која е најважен сегмент во делот на осамостојување на младите за да станат допринесувачки граѓани на ова наше општество и да не се вратат во системот на социјалната заштита од каде што излегле, истакна директорката СОС Детско село, Виолета Георгиевска, за Курир.

„ПОДАРИ КНИГА“ е проект наменет за граѓаните во социјален ризик и за лица со ниски примања. Основната идеја на проектот е секој оној којшто  има можност да подари книга, истата да ја достави во некоја од филијалите на  Македонска пошта, Центрите за социјална работа или во детските градинки. Книгите кои ги донираат граѓаните, фирмите и институциите се доставуваат на располагање и во корист на децата без родители и родителска грижа, на згрижувачките семејства, на  сите членови од семејствата во социјален ризик, на материјално необезбедените граѓани и сите оние кои не можат да си дозволат нова книга.