вторник, 27 јуни 2017  |  Вести денес: 0

МТСП: Корисниците на социјална заштита да ја обноват документацијата

Тие со себе треба да носат само лична карта и да дадат изјава за согласност за користење на нивните лични податоци во постапката за остварување на овие

mtsp

Последни вести

Во петок на 27 јануари истекува рокот за обнова на документацијата за остварување на правата од областа на социјалната заштита. Од Министерството за труд и социјална политика апелираат сите кои досега тоа не го направиле да се обратат најблиските центри за социјална заштита и да се пријават.

Тие со себе треба да носат само лична карта и да дадат изјава за согласност за користење на нивните лични податоци во постапката за остварување на овие права. Сите други документи институциите ќе ги прибават по службена должност од УЈП, Фондот на ПИОМ, Катастарот, од Агенцијата за вработување, Агенцијата за финансиска поддршка на земјоделството  и руралниот развој, МВР, Управата за водење матични книги и НБРМ.

Како што информираше на денешната прес-конференција министерот за труд и социјална полтика Ибрахим Ибрахими постапката за обнова на документацијата се прави еднаш годино и таа е започната на 19 декември минатата година.

Досега за обнова се пријавиле околу 22 илјади корисници, а како што рече, до истекот на рокот се очекува да се пријават уште неколку илјади. Минатата година биле регистрирани околу 27 илјади корисници на права од социјална заштита.

Тој информира и дека во тек е и обновата на документацијата за детските права, односно посебниот додаток за дете, детски додаток и родителски додаток за трето и четврто дете. Обновата ќе трае до 31 март годинава. Лани право на родителски додаток за трето дете оствариле 23.246 корисници, а за четврто 814.

– Носителите на правата лично или преку полномошник се должни да го пополнат барањето, изјавата за лични податоци, и во однос на одредено право да ги достават бараните документи кои не се обезбедуваат по службена должност. За посебен додаток се потребни лични карти од двајцата или еден родител на увид во оригинал, за право на детски додаток – висина на плата од работодавачот за претходна година и потврда за редовен ученик, а за родителски додаток за трето или четврто дете, потврди за вакцина, потврда од суд за неодземено родителско право, и доколку детето за кое е остварено правото е на школска возраст потврда за редовен ученик, рече Ибрахими.

Министерот информираше и за договорот што Министерството го направило со Комората на извршители со која било договорено пред да направат блокирање на сметка, извршителите да побараат од центрите за социјална заштита дали лицето е корисник на некое право од областа на социјалната или детската заштита. Ако е тоа случај, извршителите нема да смеат да ги блокираат тие средства.

Најчитани вести