вторник, 28 март 2017  |  Вести денес: 10

МТСП: Ременски со лажно душебрижништвото за граѓаните се обидува да го прикрие нејзиното незаконито работење во министерството

Министерството за труд и социјална политика го демантира објавениот текст под наслов “Скандалозна распределба на социјални станови во Прилеп” од новинарите Зоран Милошески и Виктор Азманоски на порталот РеволуционерМК.

Remenski

Последни вести

Министерството за труд и социјална политика го демантира објавениот текст под наслов “Скандалозна распределба на социјални станови во Прилеп” од новинарите Зоран Милошески и Виктор Азманоски на порталот РеволуционерМК.

Демантот во продолжение ви го претставуваме во целост:

Министерството за труд и социјална политика вo врска со објавениот текст “Скандалозна распределба на социјални станови во Прилеп” од новинарите Зоран Милошески и Виктор Азманоски на порталот РеволуционерМК сака да го изнесе следниве ставови:

Вашиот текст и наслов се тенденциозни со намера да ја замајуваат јавноста и да создадат лажна претстава за доделувањето на социјалните станови во Прилеп. Непознавањето на надлежностите на институциите и процедурите дополнително укажува дека се работи за нарачан текст со кој треба да се омаловажат напорите на министерот за труд и социјална политика, Диме Спасов, за средување на хаосот кој го остави техничката министерка во ова министерството.

Фросина Ташевска Ременски имаше седум месеци да покаже што умее и знае и да работи во корист на граѓаните како технички министер. Единствено по кое ќе се запамети се многуте закочени проекти, стопирана изградба на градинки, дневни центри, незаконско разрешувања и именувања, закочени проекти наменети за социјалните категории, протести на граѓани поради нејзино несовесно работење, скандали и афери, притисоци врз вработените во министерството итн. Долг е списокот на вакви примери кои ги остави техничката министерка позади себе.

Ременски само го покажа лицето на нејзината политичка партија и сега со лажно душебрижништвото за граѓаните се обидува да го прикрие нејзиното незаконито работење во министерството кое допрва ќе се обелоденува. Она што сега и преостанува е да шири дезинформации и лаги на порталите кои ги контролира нејзината партија.

Министерството за труд и социјална политика ќе продолжи со засилено темпо да ги реализира проектите за добробит на сите категории на граѓани.

Најчитани вести