МТСП: Статусот азилант не е законска пречка за повторно остварување на правото на социјална помош

Министерството за труд и социјална политика реагира во врска со соопштението на Партијата за целосна еманципација на Ромите испратено до медиумите со наслов “ПЦЕР бара социјална помош за сите вратени азиланти”, посочувајќи дека претставува груба манипулација и наметнување на измислени теми за замајување на граѓаните

„Во Законот за социјална заштита конкретно е определено како се остварува правото на еднократна парична помош и  секој граѓанин може да поднесе барање за ова право и надлежниот Центар за социјални работи врз основа на утврдениот социјален ризик ќе определи соодветен облик на социјална заштита.

Исто така, и социјалната парична помош се остварува во согласност со Законот за социјална заштита според утврдени услови и критериуми, а статусот азилант воопшто не е законска пречка за повторно остварување на правото на социјална парична помош.

Доколку лицето кое претходно ја напуштило државата и повторно се врати, може да аплицира во Центарот во социјална работа и да оствари право на социјална парична помош ако се исполнети сите услови и критериуми согласно со Закон.

Токму затоа цениме дека лиферуваното соопштение до медиумите од страна на ПЦЕР е само обид за собирање на ситни дневно политички поен, се вели во соопштението на МТСП.