МТСП: Жерновски согласно Закон може да обезбеди вработувања во градинката „Кочо Рацин“

Министерството за труд и социјална политика реагира на изјавата на градоначалникот на општина Центар, Андреј Жерновски, дадена денеска за медиумите.

Во продолжение интегрален текст од реакцијата:

Градоначалникот на општина Центар затскривајќи се позади душебрижништвото за иднината на децата кои ја посетуваат градинката „Кочо Рацин“ денес се обиде да ја манипулира јавноста  и да изнесува полувистини и недоречености со цел да ја оттргне одговорноста од себе.

Во интерес на вистината и за правилно информирање на јавноста напоменуваме дека:

Јавната општинска установа-детска градинка “Кочо Рацин “од општина Центар доставила барање за согласности за продолжување на важноста на согласности за вработување на определено време на 21 април 2016 по донесување на одлуката за распишување на изборите  за пратеници во Собранието на Република Македонија при што тогашниот технички министер за труд и социјална политика ги известила дека постојат законски пречки за отпочнување постапки во органите на државната управа и јавните установи.

ЈОУДГ Кочо Рацин на 21.6.2016 доставила ново барање за согласности за продолжување на важноста на согласности за вработување на определено време а само два дена потоа Жерновски  се обидува да направи политички маркетинг давајќи изјави.

Го потсетуваме и информираме градоначалникот на општина Центар дека согласно Закон може да ги обезбеди вработувањата и од буџетот на општината и може да ангажира и вработи лица доколку има потреба.

Неговата тенденциозност во време додека траат согласностите за определено вработување на 11 лица во посочената  градинка е обид за стекнување на политички поени.