МТВ обезбеди директен пренос од реваншот меѓу Рубин и Работнички

Рубин Казан - Работнички директно на МТВ

Македонската телевизија објави официјално дека е постигнат договор за директен ТВ пренос од натпреварот меѓу Рубин Казан и Работнички, од плеј-офот за место во групите од Лига на Европа, што ќе се одигра в четврток со почеток од 18 часот.

Од првиот натпревар во Скопје, немаше ТВ пренос, а по бурните реакции од јавноста, националниот сервис успеа да обезбеди директен ТВ пренос од реваншот во Казан.

Работнички во првиот дуел со Рубин на “Филип Втори” одигра нерешено (1:1) и во реваншот останува со реални шанси за пласман во групната фаза од Лига на Европа.

За жал од првиот меч немаше телевизиски пренос на националниот сервис, но затоа сепак МТВ успеа да обезбеди пренос од реванш натрпеварот на единствениот наш претставник во фудбалските натрпеварувања во Европа.