МТВ: Ременски да ја потпише листата на добитниците на социјални станови

Лажни се тврдењата на Министерството за труд и социјална политика предводено од техничката министерка Фросина Ременски дека членовите што таа ги предложи во Комисијата за распределба на социјалните станови  не учествуваа во формирање на конечните листи за распределба на социјалните станови во Прилеп,  Демир Хисар и Ресен, реагираат од министерството за транспорт и врски.

-Не само што изнесуваат невистини, туку членовите под притисок на техничката министерка Ременски извесно време одбиваат да ја потпишат конечната листа, условувајќи ја Комисијата да додели социјален стан на лице од Прилеп кое не ги исполнува условите. Со тоа целосно е блокирана распределбата на 119 станови во Прилеп, Демир Хисар и Ресен за социјално најранливите категории граѓани. Министерството за транспорт и врски веќе подолго време бара од техничката министерка Фросина Ременски да го деблокира процесот и да им дозволи на членовите на Комисијата што таа лично ги номинираше, да ги потпишат записниците и конечите листи за да може конечно да им се распределат становите на лицата кои им се најпотребни. Наместо техничката министерка Ременски лажно да обвинува, јавно да излезе и да објасни од кои причини не им дозволува на членовите што таа ги предложи да ги потпишат конечните листи за да може становите да бидат распределни. Министерствто за транспорт и врски ги разбира реакциите на лицата кои се револтирани поради ваквата состојба, но уште еднаш мора да ја информираме јавноста дека целата постапка за распределбата на социјалните станови во Прилеп, Демир Хисар и Ресен е завршена, единствено се чека да се потпишат конечните листи од страна на претставниците на Комисијата номинирани од страна на техничката министерка Фросина Ременски. Уште еднаш ја повикуваме техничката министерка Ременски, да дозволи да се потпише конечната листа за да можат сите овие лица станбено да бидат згрижени, реагираат од Министерството за транспорт и врски.