среда, 30 ноември 2016  |  Вести денес: 32

МТВ: СДСМ продолжува да најавува проекти кои оваа Влада веќе ги реализира

СДСМ да не прави илузорни најави за линии кои во моментов се опслужуват и ги поврзуваат сите населени места за кои господинот Бочварски говори, реагираат од министерството..

транспорт

Последни вести

СДСМ имаа можност да градат железнички пруги или да купат нови возови колку што сакаа претходно, но наместо тоа, тие избраа парите наменети за изградба на пругите да ги стават во партиските џебови, реагираат од Министерството за транспорт и врски.

Во продолжение интегрален дел од соопштението: 

Железничката инфраструктура во Скопје е дизајнирана да ги задоволува потребите на граѓаните, моментално се опфатени сите населени места каде има реална потреба од железнички превоз. Затоа СДСМ да не прави илузорни најави за линии кои во моментов се опслужуват и ги поврзуваат сите населени места за кои господинот Бочварски говори.

Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ е силно посветена на подобрување на железничкиот сообраќај. За таа цел набавени се шест нови возови со кои се обнови 60 отсто од возниот парк во МЖ Транспорт, инвестиција од 25 милиони евра.

Во тек е набавка на 3 нови локомотиви, а дополнително се планира да се обнови возниот парк со нови возови што значи дека инвестициите во железничкиот транспорт за сега даваат конкретни резултати во насока на подобрување на железничкиот превоз.

Останува праксата на СДСМ да копира или да најавува проекти кои оваа Влада веќе ги реализира.

 

Најчитани вести