Му фрлиле бомба на тераса

Непознато лице фрлило бомба на балкон од куќа, утрово во скопската населба Бутел, информираше МВР.
Според полицијата, инцидентот се случил околу 3 часот на улицата Коле Канински.

Тогаш бомбашот фрлил експлозивна направа на балконот од првиот кат од куќата сопственост на Ј.Ч.(25). Од експлозијата била оштетена балконската врата, а повредени лица нема.

Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.