Му го отсекла пенисот, го врзала за балон и го пуштила да одлета

Жената од Тајланд е обвинета дека го дрогирала својот маж, а потоа му го отсекла пенисот кој го врзала за балони и го пуштила да одлета на небо.

Прајун Екланг (47) бил хоспитализиран кога безуспешно се обидувал да ја фати својата жена која според сведочењето на очевидци, побегнала со неговиот пенис, изјавил полициски капетан во Банкок.

Прајун зел две пилули за спиење кои му ги дала неговата сопруга мислејќи дека се лекови за алаергија. Кога подоцна го разбудила силна болка во препоните ја видел својата жена како го држи неговиот пенис во едната рака, а во другата држела нож.

Капетанот на полицијата пренел дека мажот не ни помислувал дека неговата сопруга ќе се осуди да направи таков нешто. Локалните медиуми пренеле дека жената пенисот го закачила на балони кои ги пуштила да одлетат.

На Тајланд не е реткост жените да им ги потсечат половите органи на своите сопрузи кои ги изневериле , па поради тоа тајландските доктори осмислиле различни техники за повтроно спојување на отсечените органи.