Му го проверила профилот на „Фејсбук“ на сопругот и се шокирала

Според речникот на Фејсбук, Американецот Дарнел Пиксли (49) е во комплицирана врска. Тоа го сфатила и неговата сопруга кога на неговиот профил открила фотографии од својот сопруг од неговата венчавка со друга жена!

Таа најмила приватен детектив, кој открил дека нејзиниот сопруг во декември минатата година се оженил со нова жена. Но тоа не е се’, исто така открил и дека тој се женел уште два пати претходно, а серијата венчавки започнала во 1988-ма година. Секоја од неговите жени живеат во различни краеви на Северна Каролина во САД, пренесува Huffington Post.

Полицијата, која го уапсила во средата, се сомнева дека Дарнел има уште жени, но тој не сакал да открие ништо околу тоа.

“Неколку пати кажа дека станува збор за грешка и дека не сака да зборува на темата”, соопшти полицијата.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.