Му го спасив животот на Села, а ме осудија на три години затвор

Стојан Павлески, кој заедно со Цејо Георгиевски денеска во одвоена постапки беа осудени за  тепањето на Зијадин Села во Собранието, рече дека казната е превисока. Двајцата претходно ја признаа вината.

Му го спасив живот, а ме осудија на три години, рече Павлески коментирајќи ја пресудата пред медиумите.

Неговата адвокатка најави жалба пред Апелација.

Цејо Горгиевски, кој беше осуден на една година и два месеци не сакаше да коментира пред новинарите.

На обвинетите како дел од казната ќе им се смета и времето кое го примиле во притвор. Горгиевски беше во притвор од 10 мај лани до јуни годинава, а Стојан Павлески во притвор беше од 17 октомври лани до 6 јуни годинава. Тоа значи дека на Горгиевски му остануваат уште еден месец затвор, а на Павлески ќе треба да биде во затвор уште две години и четри месеци.

Пресудите се уште не се правосилни.