Му купил на внукот пушка и ја кренал полицијата на нозе

Пензионер кој на внукот му купил играчка ловечка пушка, го кренал на нозе вчера обезбедувањето во Клиничкиот центар во Ниш и интервентната полиција.

Повозрасниот човек бил забележан околу 11 часот како со пушка влегува во зградата на одделот за неврологија, по што веднаш алармирало обезбедувањето и полицијата.

Две екипи на интервентната бригада веднаш пристигнале во Клиничкиот центар и започнале потрага, но по неколку минути утврдиле дека станува збор за лажна тревога и дека нема место за паника.

Играчката била најдена кај детето, кому дедото му ја купил како подарок.