Му лапнале 250 евра за да му „помогнат“ при царинење на возилото

СВР Тетово поднесе кривична пријава против Т.З.(42) од Прилеп за сторено кривично дело „фалсификување исправа“ и А.О.(48) од Скопје, е пријавен за „измама“.

Во текот на 2014 година, А.О. довел во заблуда лице од с.Желино, кој имал купено товарно возило од Германија, дека ќе му помогне при царинење на возилото за што му наплатил 250 евра. По ова, А.О. се договорил Т.З. да му изработи фалсификувана исправа – согласност за регистрација на товарното возило, а потоа исправата му ја дале на лицето од с. Желино, кој ја доставил до Отсекот за управни работи при СВР Тетово за регистрација на возилото, каде било констатирано дека фалсификувана.