Му помогнал на момче што се дави, па открил дека е тоа неговиот син што не го видел 13 години!

Додека нервозно чекал да го види синот по 13 години, Фил Бејкер нервозно шетал на плажата со сопругата Лин. Додека гледал во океанот прашувајќи се колку неговиот син се променил засите тие години, Фил (62) забележал дека еден од кајакарите почнал да се дави и без размислување скокнал во морето да му помогне.

Кога го фатил полусвесното момче и почнал да го извлекува со инструкторот кон брегот, сфатил дека тоа е неговиот син со кој требало да се види по 13 години!

„Погледнав во неговото лице и нешто ми беше чудно. Тие очи ми беа познати“, рекол Фил, кој својот син го видел на само неколку фотографии од кога тој имал 8 години.

„Веднаш знаев – тој „странец“ е мојот син!“

Бенџи (21)  конечно повторно ја посети Австралија, откако поголем дел од својот живот го  поминал во Велика Британија.

На кајакот биле инструкторот и двајца млади, момче и девојка. Во моментот кога Фил забележал дека не нешто не е во ред, всушност Бенџи тогаш доживеал епилептичен напад.

oooooooo

„Го прашав инструкторот како се вика момчето, а кога ми одговори: Бенџи, знаев дека тоа е мојот син. Му го проверив пулсот и дишењето и му реков: Тоа сум јас, твојот татко. Ќе бидеш добро“, раскажува Фил.

„Се’ што се сеќавам  е дека се разбудив на плажа и дека го здогледав татко ми. Веднаш му го препознав лицето“, вели Бенџи.

Бенџи е роден во Австралија, а оттаму, кога имал три години, со своите родители се сели во Велика Британија. Откако Фил се развел од мајката на Бенџи, тој се враќа во Австралија. Во следните години тие се допишувале, но подоцна веќе го губат контакктот. Но, по овој несреќен сплет на околности, тиа двајца ги обновиле контактите, а Бенџи со девојакат Кетрин, подоцна повторно го посетиле Фил.