Му се заканувал на полицаец на суд

СВР Скопје поднесе кривична пријава против С.С.(24) од с.Арнакија, за сторено кривично дело „незаконито влијание врз сведоци“.

Имено, на 13.10.2014 година, во Основниот суд Скопје 1, поточно пред судница пријавениот му се заканувал по живот и се обидел физички да се пресмета со полициски службеник кој бил присутен во својство на сведок за кривично дело „напад врз службено лице при вршење работи на служба“, а за кое кривично дело бил пријавен пријател на С.С..

Од страна на судија во претходна постапка на пријавениот му е одземена патната исправа и му е наредено задолжително еднаш во неделата да се пријавува во надлежен суд.