Му се заканувал со нож за 500 денари

Вчеравечер околу 23 часот, 39-годишниот М.С од Џепчиште пријавил разбојништво извршено врз неговиот 16-годишен син, дента околу 14.30 часот.

Додека бил во дворот на Средното текстилно училиште „Ѓоце Стојчевски“ во Тетово, каде се образувал, односно бил ученик во втора година, му се доближил негов врсник од Чифлик, кој во рацете имал нож на расклопување и заканувајќи му се дека ќе го натепа и дека ќе му го одземе мобилниот телефон, му побарал 500 денари. За да не се случи тоа, другарот на 16-годишниот ученик од Џепчиште, кој бил со него, му ги дал парите, а тој ги зел и заминал, информираат од МВР.

Набрзо по пријавувањето, 16-годишникот од Чифлик, во присуство на родител, повикан е во Полициската станица Тетово, разговарано е за случајот, одземен му е нож на расклопување и потоа е пуштен.

По целосното расчистување на сите поединости, против него ќе следува поднесок.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.