Му се заканувале за да се откаже од купување крајбрежен дел за плажа

Охриѓаните Ј.М (35) и Ц.М. (36)   добија кривична бидејќи му се заканувале на сопственикот на „Вила Свист“ во населбата Свети Стефан да се откаже од намерата да купи простор-крајбрежен дел за плажа.

Просторот пријавените лица претходните години бесправно го уредиле за вршење на угостителска дејност, бесправно го користеле и го издавале под закуп на други лица. Пријавените на оштетениот Н.П. му предложиле нивните претходно направени трошоци за уредување на просторот според нивната пресметка од околу 100.000 евра да им ги исплати во рок од пет години, или просторот тие да го користат бесплатно во наредните четири години  или пак просторот да им го продаде по иста цена по која го купил од Македонската православна црква, односно 264.000 евра.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.