вторник, 29 ноември 2016  |  Вести денес: 45

Му влегле дома и го тепале

НК за КР Гостивар поднесе кривична пријава против Т.Г. (30) и Д.Г. (26), двајцата од село Ростуше, Гостиварско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „тешка телесна повреда“ и против М.А. (61) од Дебар поради потоење основи на сомнение за сторени кривични дела „загрозување со опасно орудие при тепачка или караница“ и „телесна повреда“ при вршење семејно насилство.

тепачка

Поврзани вести

На 10 септември 2016 година околу 16 часот во куќата сопственост на М.А. во село Велебрдо, пријавените Т.Г. и Д.Г., откако претходно со употреба на физичка сила провалиле во куќата, кршејќи ја влезната врата, влегле внатре по што и физички го нападнале М.А., удираќи го со тупаници, клоци и дрвен предмет по главата и телото, нанесувајќи му тешки телесни повреди. Од преземените мерки било утврдено дека како причина за девијантното однесување било тоа што истиот ден М.А. физички го нападнал нивниот дедо П.Ѓ. (79). М.А. кривичните дела ги извршил на 10 септември 2016 година околу 15 часот во просториите на црквата „Свети Ѓорѓија“ во село Велебрдо, кој монтирал шанк во трпезаријата на црквата. Тој прво почнал вербална расправија со оштетениот, а потоа и физички го нападнал, кој откако паднал на земја го удрил и со остар предмет, од што оштетениот се здобил со телесна повреда во пределот на главата.

Најчитани вести