Му земал пари за документи за во Швајцарија, ништо од бизнисот

ПС Крушево поднесе кривична пријава против Р.О.(30) од с.Житоше, крушевско, за сторено кривично дело „измама“.

Пријавениот, во периодот од јули 2006 до јули 2014 година, ветувајќи му дека ќе му извади виза за постојан престој и стан во Швајцарија, довел во заблуда лице од с.Житоше, кој во повеќе наврати му побарал парични средства за обезбедување на документите, при што му наплатил вкупно 384.000 денари и златник во вредност од 1.500 евра.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.